Специјална Наградна Игра за Првите 100 Членови

Специјална Наградна Игра за Првите 100 Членови

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНА ИГРА 
1. ОПИС НА КАМПАЊАТА 
Оваа наградна игра е организирана од страна на adverto.mk и е наменета за првите сто 
(100) корисници кои ќе се регистрираат на платформата и ќе ги исполнат сите 
предвидени услови за учество. Наградите ќе бидат доделени по случаен избор преку 
електронска жрепка, согласно одредбите наведени во ова Правилник. 



2. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 
2.1. Регистрациски услови: 
• Корисникот мора да биде еден од првите 100 лица кои се регистрирале 
на adverto.mk. 
• Регистрацијата мора да биде извршена со вистински и проверливи лични 
податоци. 
• Невалидни, дупликат, лажни или автоматски (бот) направени сметки ќе 
бидат отстранети и нема да бидат земени предвид за учество. 
2.2. Услови за објава на огласи: 
• Во рок од 30 дена од денот на регистрација, корисникот мора да објави 
најмалку 10 различни огласи. 
• Сите огласи мора да бидат реални, оригинални и да се во согласност со 
стандардите на adverto.mk. 
• На денот на жрепката (25 ноември 2025 година), сите 10 огласи мора да 
бидат активни. 
• Двојни или идентични огласи за ист производ/услуга нема да бидат 
земени предвид. 
• Огласи кои ќе бидат избришани од системот или не ги исполнуваат 
правилата, се сметаат за невалидни. 
2.3. Други услови: 
• Едно физичко лице може да учествува само со една сметка. 
• Сите огласи мора да бидат во согласност со законодавството на Република 
Северна Македонија, како и со општите услови на користење на платформата. 



3. ДЕТАЛИ ЗА ЖРЕПКАТА 
 • Датум на жрепка: 25 ноември 2025 година 
 • Жрепката ќе се спроведе јавно, со присуство на нотар или преку 
дигитална платформа со целосна транспарентност. 
 • Добитниците ќе бидат известени преку контакт-информациите доставени 
при регистрација (телефон/е-пошта). 
 • Доколку добитникот не биде контактиран во рок од 7 работни дена, 
правото преминува на првиот резервен добитник. 
 
4. НАГРАДИ 
Награда Количина 
Apple iPhone 16 256GB 1 
Samsung Galaxy A06 6/128 3 
ST TAC-12INV32 Клима уред 3 
ST WM7104TWB Машина за перење 3 
ST MTG-800XA Тостер 20 
VOX Blender TM 6006 20 
Премиум оглас (важи 1 година) 50 
 
Забелешка: Наградите не може да се пренесат на друго лице, ниту да се заменат за 
пари. Сите даночни и законски обврски ги сноси добитникот. 
 
5. ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД УЧЕСТВО 
adverto.mk го задржува правото да го поништи учеството на корисник или да го исклучи 
од наградната игра во следниве случаи: 
 • Објава на лажни, нелегални или нерелевантни огласи 
 • Користење на содржина што повредува авторски или индустриски права 
 • Обиди за манипулација со системот 
 • Пријавени злоупотреби или користење на повеќе сметки 
 
 
6. ПРАВО НА ИЗМЕНА И ОТКАЖУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА 
Организаторот го задржува правото да ја измени, одложи или предвреме прекине 
кампањата без претходна најава. Сите промени ќе бидат јавно објавени преку 
официјалните комуникациски канали на adverto.mk. 



7. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 
Сите лични податоци што ќе се приберат за целите на оваа кампања ќе бидат 
обработувани согласно Законот за заштита на личните податоци и GDPR регулативата. 
Корисниците имаат право во секое време да побараат пристап, измена или бришење 
на своите податоци. 



8. ПРАВНА НАДЛЕЖНОСТ 
Оваа наградна игра е предмет на законите на Република Северна Македонија. За сите 
спорови поврзани со оваа кампања, надлежен е Основниот суд во Гостивар. 



9. СОГЛАСНОСТ 
Со регистрација на веб-страницата adverto.mk и објавување на огласи, корисникот се 
смета дека ги прифатил сите правила и услови наведени во овој документ.